Вечна му слава! Во вторник се одбележуваат 153 години од раѓањето на Гоце Делчев
Овој вторник на 4-ти февруари се одбележуваат 153 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Делчев e големиот македонски револуционер кој што е роден точно на денешен ден, 4 февруари 1872 година во Кукуш. Гоце Делчев се школувал во гимназијата во Солун, а веднаш потоа и на Воената академија во Софија. Работел како учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО дејствувал на креирање на мрежа на бази, комитети и комитски чети на самата организацијата. Делчев во 1896 година бил учесник и на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.
Веднаш после неговото убиство во 1903 година, неговите посмртни останки се чувале во Баница се до 1917 година, кога се пренесуваат во Ксанти, а потоа во Софија. Во домот на Михаил Чаков коските на Делчев се до 1923 година. Во нашата земја посмртните останки пристигнуваат на 11 Октомври 1946 година во црквата св.Спас во Скопје, каде стојат и до ден денес.