ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА СО ДЕМАНТ: Директорката не си дала оставка
„ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ги демантира злонамерните и шпекулативни утрински објави на еден “фејк“ профил на социјалната мрежа Фејсбук, за наводна оставка на Кети Смилеска од директорската позиција во нашата установа“ – меѓудругото се вели во демантот од прилепската градска болница. Како што наведуваат од таму, објавата била од “бот“ профил.
