Очекувано! “Цел Прилеп” утре ќе оди на најновото комично шоу од Никола Тодороски

Сподели го ова:


























Најбараниот комичар Никола Тодороски повторно во Прилеп, меѓутоа овој пат премиерно со комичната стендап претстава со која постојано ги полни салите низ цела Македонија, и тоа по неколку пати!

Станува збор за најновото, второ комично кабаре шоу на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – “2 Mothers Brothers – втор дел – шоу кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во Прилеп на 19.11.2024 во НУЦК Мaрко Цепенков со почеток во 20h. Колку за потсетување, во 2023 година Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски гостуваат во Прилеп со нивниот прв дел каде публиката остана воодушевена и постојано ги наградуваше со аплаузи, а сега Никола и Стрезо доаѓаат во Прилеп со нивното најново шоу кoe премиерно ќе биде изведено во градот под Марковите Кули. Освен тоа комичниот настап ќе биде збогатен и со дополнителен бенд кој ќе ги придружува на сцена: Никола Јосифоски и Јане Тодороски.

Нивното шоу претставува квалитетен комичен проект, кој што опфаќа кабаре комедијата која трае час и половина, и истата е исполнета до последна секунда со динамични авторски песни и преработки, и секако основа на се е комедијата. Станува збор за комично музичко шоу кое користејќи го жанрот кабаре, се исмева со се она што не опкружува во животот. Не чекајте ни миг, билети во Кафетерија/ Кафе Ин во цветната улица во Прилеп, или резервирајте 24/7 на 078/ 66-77-97 додека сеуште има билети!




Сподели го ова:

Слични објави