Повторно нов случај на агресивно однесување кон полициски службеници од страна на граѓани
На 18.11.2023 во 02.10 часот пред угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А.Т.(26) и Т.Ж.(26), двајцата од Битола, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Како што информираат од МВР, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.















