Нова – современа медицинска опрема во Општа Болница – Прилеп

Сподели го ова:






























Од денес, во прилепската болница е пуштен во употреба нов модерен стерилизатор со пареа – автоклав, од реномираниот бренд PROHS.

Оваа инвестиција претставува голем чекор напред во подобрување на здравствените услуги што ги нудиме. Се работи за високотехнолошки вакум автоклав кој после цели 20 години ја обновува стерилизационата опрема во болницата.

✨ Што значи ова за пациентите и персоналот?

➡️ Брза и сигурна стерилизација на медицински инструменти, текстил и потрошен материјал,

➡️ Напредна превакум технологија и заситена пареа за максимална ефикасност,

➡️ Целосно автоматизирана контрола преку LCD екран,

➡️ Сигурност и прецизност со систем за проверка на температура, притисок и врата,

➡️ Печатење извештај за секој циклус – за целосна следливост и отчетност.

Со оваа нова опрема значително се унапредува квалитетот на стерилизацијата, што придонесува за намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 5.848.080 денари – вложување во посигурно и поефикасно здравство! – истакнаа од прилепската болница.




Сподели го ова:

Слични објави