МИЛЕВСКИ: Буџетот во 2026 значи продолжување на проекти во инфраструктура и развој во Пелагонија и Македонија

Сподели го ова:






























Пеце Милевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде се осврна на делот за сивата економија при што потенцираше дека Предлог-буџетот за 2026 година има мерки за намалување на истата. Тој истакна дека во овој Предлог-буџет акцентот е ставен и на развојната компонента, преку високо ниво на капитални инвестиции.

“Да не зборуваме од каква важност и за Битола и за целиот регион е изградбата на автопатот Битола – Прилеп и колкаво значење има за економскиот развој, но и за безбедноста на граѓаните. Сето ова нема да биде возможно ако предлог – буџетот за 2026 не се темели на главните фискални принципи, а тоа се одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. И со овој предлог – буџет многу се внимава на мерките за намалување на сивата економија и зголемувањето на наплатата на буџетските приходи. Предлог – буџетот е втемелен на реални проекции, а тоа значи испланирани приходи врз реалните можности, а расходи исклучиво насочени кон стратешките приоритети” – истакна Милевски.

„Со овој Предлог-буџет многу се внимава на мерки за намалување на сивата економијата и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Предлог-буџетот е темелен на реални проекции, а тоа значи испланирани приходи врз реални можности, а расходи исклучиво насочени кон стратешки приходи“, истакна Милевски.

Тој посочи дека во овој Предлог-буџет е ставен акцент на развојната компонента со високо ниво на капитални инвестиции.

„Најважно е што во проектирањето на овој Предлог-буџет, ставен е акцент на развојната компонента со високо ниво на капитални инвестиции кои се проектирани во износ од 40,5 милијарди денари“, рече Милевски.

Како што вели тој, фискалната консолидација е една од главните одлики на овој Предлог-буџет.

„Фискалната консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии е една од главните одлики што обезбедува поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства, односно парите на граѓаните“, кажа Милевски и додаде:

„Одговорното буџетирање како главна одлика на овој Предлог-буџет, е клучно во вкупниот макроекономски контекст и управувањето со вакви проекции мора да ги следи голема дисциплина и финансиска мудрост. А оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Министерството за финансии, тоа во изминатиов период го потврди“.




Сподели го ова:

Слични објави