ПРИЛЕП: Инспекција во правни субјекти кои се занимаваат со откуп на железо и секундарни суровини
На 12.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, во содејство со инспектори од Државен инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за животна средина спроведоа акциска контрола во правни субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини.
При контролата, во Прилеп, полициските службеници и инспекторите извршија надзор во два правни субјекти, при што во еден од нив е констатирано дека нема фискален апарат, односно врши само продажба на големо на правни субјекти со фактурирање.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.