Прилепчанецот Димитар Димески го напиша новиот учебник за историја наменет за учениците од 7-мо одделение
Сподели го ова:
Со доаѓањето на новата учебна година, се прават и последните подготовки за успешен почеток на учебната 2024/2025 година. Учебниците веќе се дистрибуираат до директорите на училиштата, а помеѓу тие учебници е учебникот по историја за 7-мо одделение, кој го напиша нашиот прилепчанец м-р Димитар Димески.
Преку примената на овој учебник напишан од страна на Димески се очекува учениците од 7-мо одделение низ целата наша земја, да се стекнат со потребните знаења по историја, бидејќи како велат “една земја која нема историја – нема минато, а ќе нема ниту иднина”, а нашата земја е богата со огромна историја која не треба да се заборави!
Дека учебниците навремено се дистрибуираат до училиштата, потврди и министерката за образование која истакна:
:Повеќе нема да доцнат одговорите на барањата и исплатата на финансиската поддршка за учество на ученици на престижни меѓународни натпревари. Ги менуваме негативните практики воспоставени од претходните раководни структури на институцијата.
Сакам да информирам дека изминатите два месеца, исплативме парични награди во износ од 1,4 милиони денари на 15 ментори на ученици кои освоиле медал на меѓународни научни олимпијади во 2022 година. Цели две години никој не се погрижил да им го надомести стекнатото право на наставниците.
Минатата недела на сметките на 16 ученици, исплатени се 276 илјади денари по основ на освоени награди на меѓународни олимпијади, десетта и единаесетта месечна рата. Исто така, исплатен е заостанат долг од 430 илјади денари по основ на парични награди за ученици и наставници ментори кои освоиле прво место на државни натпревари во 2023 година.
Денеска потпишав и прифаќање на две пристигнати барања за покривање на патните трошоци на учениците и наставниците ментори кои учествуваа на Европската јуниорска олимпијада по информатика и на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Родителите на учениците со право реагираат дека досега не добиле никаква поддршка од државата, иако дел од овие ученици редовно учествуваат и освојуваат награди на престижни натпреварувања.
Министерството станува партнер на талентираните ученици. Наместо незаинтересираност, институцијата покажува проактивност за стимулација, финансиска и логистичка поддршка на младите кои учествуваат на меѓународни научни олимпијади и натпревари, за да постигнуваат уште подобри резултати” – истакна министерската за образование Весна Јаневска.
Владата предводена од СДС и ДУИ очигледно за скандалот Онкологија ни подготвува сценарио по она веќе виденото со модуларната болница во Тетово – истакнуваат од ВМРО – ДПМНЕ во нивното соопштение, во кое меѓу другото се вели: “За тоа што изгоре модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот. Сега за скандалот Онкологија очигледно епруветата ќе…
Крешник Бектеши-Министерот за економија, денеска истакна дека оваа недела ќе биле направени анализи на цените во маркетите, при што јавноста ќе биде информирана за нивното намалување. Меѓутоа, од она што може да се забележи, се поставува прашањето кои производи се навистина поевтинети во однос на цената. Оваа недела, ќе направиме анализа директно и физички во…
Исплатата на пензијата за месец октомври, ќе биде направена денес, 1 ноември. И овој пат пензиите ќе бидат поголеми за 2500 денари, а веќе од март тие ќе се зголемат за плус нови 2500 денари. Како и да е, повеќе од очигледно е дека пензионерите “ќе тријат раце”!
Во Тетово, на отворената сцена на 10 и 11 август ќе се случи голем музички спектакл на кој што концерт ќе одржат Ламбе Албаковски и Некст Тајм. Организатор на овој настан е иницијативата „Го сакам Тетово“. Концертот ќе биде бесплатен и на отворено во Жена парк, а граѓаните на овој настан ќе имаат можност и…
Викендов кој измина, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и покрај Пивскиот фестивал, најде време да ја посети манифестацијата „Млеко 2023: Вкусот на ливадите “ која што втора година се одржа во центарот на нашиот град. “Млеката и сирењата се производ на животното кое се произведува заедно со човечко посредување, но пред сѐ тие се производ на…
Нашата информативна екипа додека беше на терен, собирајќи нови актуелни информации со цел за да го задржиме високиот степен на посетеност на нашиот информативен портал од Ваша страна, во центарот на Прилеп – пред неколку денови ја “улови” оваа фотографија. На фотографијата се гледа како службен автомобил на МВР е паркиран во централното градско подрачје…