Доделени дипломи на директорите, менторите, наставниците и професорите на училиштата, за учеството во целокупната одлична организација и реализација на Прочка 2024

Сподели го ова:


























По повод годинешното 22 издание на карневалот „Прочка“, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денес во просториите на Општината оствари средба со учесниците на карневалското дефиле и изложбата на маски.

Беа доделени дипломи на менторите, наставниците, професорите и директорите на училиштата, притоа заблагодарувајќи им се на сите кои што учествуваа и помогнаа во целокупната одлична организација и реализација на Прочка 2024.

Градоначалникот Борче Јовчески истакна дека со организацијата на карневалот „Прочка“ се поттикнува натпреварувачкиот дух и креативноста, како кај младите така и кај наставниците и менторите а исто така и се овозможува на еден современ начин да продолжиме да ја негуваме нашата вековна македонска традиција.




Сподели го ова:

Слични објави