За 7 дена се регистрирани нови 1.123 позитивни на Ковид-19 од кои околу 60% се Омикрон

Сподели го ова:
















Во периодот од 10-16.01.2022, тестирани се вкупно 45.401 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 14,7% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 11.123 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 33,9% во однос на минатата недела (n=8.308). Процентот на позитивност се движи од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево – 1.152,4/100.000. Висока инциденца се регистрира и во Битола (n=1.025;
I=1.035,5/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на
лица на возраст 30-39г (n=2.643, 23,8%) и 20-29г (n=2.153, 19,4%). Најмал број е регистриран кај
возрасната група од 0-9г (n=205; 1,8%). Се забележува зголемување на бројот на заболени кај
скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 60 години со
зголемување од 99,6% и возрасната група 50-59г со зголемување од 90,3% во однос на
претходната недела. Се регистрира минимално намалување на бројот на заболени кај
возрасните групи од 20-29г (-4,3%) и 10-19г (-2,5%) во однос на минатата недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.029 (54,2%) лица од женски и 5.094 (45,8%)
од машки пол.
Со статус „оздравени“ се стекнале 5.403 лица кои биле хоспитализирани или на домашно
лекување.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.247 реинфекции, со зголемување од 31,8%
во однос на претходната недела.
Пријавени се 55 смртни случаи во 15 градови во текот на изминатата недела, за 34,1% повеќе
во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22). Во однос на возраста,
најголем број (n=48; 87,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а
регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (4), 40-49 години (2) и
30-39 години (1).
Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во периодот од 10-
15.01.2022, изведен е ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism -Vir SNiP SARS CoV
2 Spike S371L S373P на вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а кај 57 од нив (59,4%) е
детектирана Омикрон варијантата (B1.1.529). Омикрон варијантата е откриена во 7 градови и
тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија.








Сподели го ова:

Слични објави