БОЖЈА УБАВИНА ВЕЧЕРВА ВО “СТАРА ЦРКВА”: Радувај се Невесто Неневесна, Мајко Богородице и застапувај се за молитвите на верниците, кои положија петтолебен дар во Твоја слава и пофалба
Денеска е петтата недела во Великиот пост. Имено, во Стара црква во Прилеп денеска се пееше Акатист со пофални песни за нашата мајка-Пресвета Богородица, при што голем број на прилепчани беа присутни во црквата св. Благовештение во Прилеп. БОЖЈА УБАВИНА ВЕЧЕРВА ВО СТАРА ЦРКВА: Радувај се Невесто Неневесна, Мајко Богородице и застапувај се за молитвите на верниците, кои положија петтолебен дар во Твоја слава и пофалба. Сликите кои се објавени во оваа наша објава, се направени од видеото од Facebook страната на Стара црква-Прилеп. Меѓутоа, она што од срце радува, тоа е фактот дека голем број на прилепчани за свое, и здравје на своите најблиски и најмили, денеска пееа петтолебие во знак на почит и пред се голема благодарност на Богородица-заштитничката на нашиот православен христијански народ. Радувај се Невесто Неневесна!!!