Градоначалникот Јовчески денеска оствари пријателска и конструктивна средба со претставници на пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп

Сподели го ова:
















Можно е да е слика од 5 луѓе, седнати луѓе и внатре

Прилепскиот Градоначалник Борче Јовчески, денеска оствари пријателска и конструктивна средба со претставници на пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп. Веднаш по средбата Градоначалникот Јовчески се огласи на социјалните мрежи при што истакна: “Во пресрет на 7ми април кој што се одбележува и како ден на пчеларите, остваривме пријателска и конструктивна средба со претставници на пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп. Разговаравме за актуелната ситуација во пчеларството кај нас, како и за нивните потреби во иднина како поддршка од Локалната самоуправа која што со сигурност ќе ја имаат”-истакна Градоначалникот Јовчески







Сподели го ова:

Слични објави