АНГЕЛ СИ ТИ – ЈАС ПЕАМ ЗА ТЕБЕ! Утре, Крушево ќе биде местото од каде повторно “ќе одекнат” песните на Тоше – кои во негова чест ќе ги пеат неговите колеги
На 5-ти октомври во градскиот парк во Крушево, фановите на Тоше од цела македонија и Балканот ќе пеат во негова чест. На концертот ќе бидат неговите пријатели, музичари, пеачи, фанови, почитувачи и сограѓани, кои преку песните на Тоше ќе се потсетат на неговите безвремени хитови.
Со овој концерт, ќе бидат означени цели 17 тажни и тешки години од последниот одржан концерт во Скопје без нашиот Тоше – најпознат пејач на сите времиња!!!