Прилеп има една цел и еден сон -пинпонгарската титула повторно да се врати во градот под Марковите Кули! Не пропуштајте – оваа недела во 12 часот ППК “Младост 96” против ППК Шампиони FA
Почнува разигрувањето за титулата во пингпонг.
ППК “Младост 96” го игра првиот полуфинален натпревар против ППК Шампиони FA -Штип во недела на 24 мај во салата во ООУ Кире Гаврилоски-Јане во Прилеп.
Оовј голем пинпонгарски спектакл е закажан со почеток во 12 часот, а ден покасно, односно во понеделник на 25 мај 2026 година, прилепскиот пинпонгарски тим ќе биде гостин во Штип, со една цел-пласман во финале и титулата во Прилеп!


















