Позитивни реакции од родителите на учениците од ООУ Рампо Левката за новото игралиште во ова прилепско училиште
Како што информиравме вчера во текот на вчерашниот ден, во дворот на ООУ „Рампо Левката“, беше пуштено во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување!
Со инвестиција од 1.300.000 денари од Буџетот на Општина Прилеп, овој досега неискористен простор доби нов живот, место каде што децата и младите ќе можат безбедно, активно и со насмевка да спортуваат. Игралиштето ќе биде отворено не само за учениците, туку и за сите љубители на спортот од соседството и градот, затоа што секое дете заслужува пристојни услови за игра и правилен физички развој.

На социјалните мрежи можат да се забележат голем број на позитивни реакции од родителите на учениците од ООУ Рампо Левката за новото игралиште во ова прилепско училиште.
















