Секој сака да учи во СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу”! Денеска “реки од полуматуранти” беа дел од отворениот ден од економското училиште во Прилеп

Денеска во СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу” во Прилеп беше организиран Отворен ден, на кој идните средношколци имаа можност поблиску да се запознаат со образовните насоки, програмите и можностите што ги нуди СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп. Преку директна презентација на наставните содржини и практичната работа, учениците можеа да добијат појасна слика за својата идна професионална определба.

“Како градоначалник, цврсто стојам зад ваквите иницијативи, затоа што вложувањето во образованието, креативноста и способностите на младите е најголемата и најзначајна инвестиција што можеме да ја направиме за иднината на нашата заедница.
Нашите ученици заслужуваат современи образовни програми, поддршка и можности за личен и професионален развој. Наставниците заслужуваат признание и соодветни услови за нивната посветена работа. А нашиот град заслужува генерации млади луѓе кои ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на новото време.
Токму затоа, како локална самоуправа, активно работиме на креирање стратегии преку кои кадрите што ги создаваат стручните средни училишта ќе бидат поблиску до пазарот на трудот и поподготвени за потребите на стопанството. Само така младите ќе добијат можност да го покажат и применат своето знаење, а нивните вештини ќе станат двигател на локалниот економски развој” – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.


















