ПОГЛЕДНЕТЕ: Во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп поставена е скулптура во чест на децата со посебни потреби
ООУ “Климент Охридски”Прилеп доби донација- скулптура “Капка солза” изработена од вајарот Влатко Николоски. Скулптурата е во чест на децата со посебни потреби, и е сместена во новиот парк во училиштето.
Скулптурата претставува синоним на солзите на една мајка, која тешко се справува во ова општество за своето дете со посебни потреби, но и покрај сите тешкотии таа мајка е сепак посебно храбра и се изборува за своето дете.
Директорот на ООУ “Климент Охридски” – Ахил Јаков, упати искрена благодарност до вајарот Влатко Николоски, др.Кире Јоноски, Слаткарница Алфа, Ангромеханика и Пост експрес за нивниот придонес за реализација на проектот.