Чонески на промоцијата на „Платформата за следење на проектите“, финансирани од Владата на Република Македонија
Крушевскиот градоначалник Нико Чонески беше дел од промоцијата на „Платформата за следење на проектите“, финансирани од Владата на Република Македонија.

“Денес учествував на промоцијата на „Платформата за следење на проектите“, финансирани од Владата на Република Македонија. Новата платформа овозможува подобар увид во реализацијата на проектите, поголема транспарентност и поусогласена координација меѓу институциите. Ова е значаен чекор напред во подобрувањето на јавните услуги и одговорното управување.За модерна, транспарентна и ефикасна држава!” – порача Чонески.















