Нов изглед од следниот месец ќе имаат и сметките за струја каде точно ќе биде наведено која е цената на струјата

Сподели го ова:


























РКЕ денеска ги објави блок тарифите според кои што ќе се наплаќа потрошувачката на струја, при што врз основа на првиот блок, истиот ќе ги опфаќа потрошувачите кои трошат до 210 киловат часа, вториот е до 630, третиот е до 1050, додека пак четвртиот блок се однесува за потрошувачите кои трошат над 1050 киловат часа. Потрошувачите од првите три наведени блока, ќе треба да добијат пониски сметки кои ќе се движат од 12 до 15%.

Што се однесува пак до зимно време, околу 98 посто од домаќинствата најверојатно ќе бидат во третиот блок, но ова би се случило само по актуелните цени-без пресметка на најавеното покачување. Нов изглед од следниот месец ќе имаат и сметките за струја каде точно ќе биде наведено која е цената на струјата, а воедно и колкава е цената за користење на електричната мрежа, меѓутоа на ова има и реакција од страна на “ЕВН Хоум”, кои сметаат дека поради различните суми може да дојде до забуна кај потрошувачите на електрична енергија. Новата цена на струјата ќе се знае сега во среда.




Сподели го ова:

Слични објави