„Недела на пешаците“! Авто Контрол во реализација на едукативна активност насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците

Сподели го ова:





























Во рамките на националната кампања „Недела на пешаците“, иницирана од РСБСП, а во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Прилеп, Авто Контрол активно се вклучи во реализација на едукативна активност насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците.

Активноста беше спроведена во соработка со ученици од СОУ „Ристе Ристески“ – сообраќајна струка, како и со поддршка од претставници на Министерсвото за внатрешни работи.

Како компанија која континуирано се залага за безбеден сообраќај и одговорно учество на сите, Авто Контрол со гордост ја поддржува оваа иницијатива и дава свој придонес во создавање побезбедна средина за сите граѓани.

👉 Да ги почитуваме пешаците

Почитувај ги правилата

✔️ Намали брзина пред пешачки премин

✔️ Биди внимателен – нечиј живот зависи од тебе

👉 Да придонесеме за побезбеден сообраќај

Сите сме пешаци. Да се заштитиме себеси и другите!




Сподели го ова:

Слични објави