Прилеп- градот кој што е опиен и обоен од мирисот на јоргован и боите на пролетта

Сподели го ова:
























Пролетта веќе започна да царува во нашиот Прилеп, градот кој што во овој временски период во годинaта, секогаш е опоен и обоен од мирисот и боите од пролетта. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп-Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA ” кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков” и ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички хитови)

По парковите низ градот и по прилепските дворови, се шири оној пријатен мирис на јоргован, кој што започнува да буди спомени за едно убаво време, каде мирисот на јоргован беше помешан со оние најубави пролетни спомени кои говорат за едно убаво време, кога бевме деца и безгрижно растевме. И токму тие спомени, се враќаат секоја година во овој пролетен период, а градот како “нем сведок”, секогаш тивко шепоти за сите оние убави мигови кои пролетта ги создава во нашиот најубав Прилеп, и ги претвора во магични спомени кои траат долго во нашето сеќавање за да не потсетуваат на она убаво пролетно време, кога нашиот Прилеп е целосно опиен и обоен од мирисот на јоргован и боите на пролетта.




Сподели го ова:

Слични објави