ЈКП “Водовод и Канализација”-Прилеп со известување до граѓаните

Сподели го ова:


























ЈКП “Водовод и Канализација”-Прилеп со известување до граѓаните и конкретен апел за совесно однесување кон постоечките фонтани. (Известувањето од ЈКП “Водовод и канализација-Прилеп” продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков”)

Почитувани сограѓани, како ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп упатуваме апел до сите за совесно однесување кон постоечките фонтани во центарот на градот! Фонтаните се места кои ги поврзуваат луѓето и придонесуваат за пријатни и позитивни моменти поминати во нивната близина.ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп изминатиот период работеше на оспособување и враќање во функција на фонтаните кои се во наша надлежност. За таа цел, покрај техничкиот и човечки вложен труд, беа употребени и финансиски средства кои дополнително значат дека кон овие објекти треба да се однесуваме одговорно сите заедно.

Изминатите денови веднаш после стартот на функционирањето на фонтаните, ЈКП “Водовод и канализација”, а и граѓаните, бевме сведоци на недолично однесување и постапување кон фонтаните од група на граѓани. Истите се каменувани, затнувани со хартија и ткаенина, како и ротирани гејзер млазниците кон надворешната страна.Ваквото однесување на граѓаните нема да придонеси кон одржливоста и функционалноста на фонтаните, а со тоа ќе се наруши ликот на нашиот град Прилеп.Мотото на сите да ни биде, да градиме, да одржуваме и да разубавуваме!-се истакнува во известувањето од ЈКП “Водовод и Канализација”-Прилеп




Сподели го ова:

Слични објави