Чонески: Децата се иднината на Крушево! Крушевскиот градоначалник и неговиот тим уживаа во програма подготвена од дечињата од крушевската градинка

Сподели го ова:































Денеска во Крушево се одржа новогодишна приредба во Детската градинка „Гонча Туфа“, на која присуствуваше градоначалникот на Општина Крушево Нико Чонески, заедно со неговиот тим.

Настанот помина во празнична атмосфера, исполнета со детска радост и креативни изведби на најмладите.

Како што истакнува градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, децата се иднината на Крушево, а токму за нив во повеќедневната празнична новогодишна програма во Крушево, Чонески ќе донесе голем број на детски настани кои ќе ги развеселат срцата на најмладите крушевчанчиња во овие зимски денови.




Сподели го ова:

Слични објави