|

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ: Задоволна од соработката со Веселите Ѕвончиња, Миа Митрикеска повторно ќе пее и на наредното јубилејно 5-то фестивалско издание

Сподели го ова:


























Задоволна од соработката со Веселите ѕвончиња, Миа Митрикеска повторно ќе пее и на наредното јубилејно 5-то фестивалско издание, кое ќе се случи во месец мај-следната 2023 година. Колку за потсетување, прилепчанката Миа Митрикеска пред еден месец настапи на овогодинешното спектакуларното фестивалско издание на 07.05.2022 на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој што четврта година по ред се одржа во Прилеп во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Годинава, Миа Митрикеска на овој најактуелен фестивал настапи со песната “Сонце, вода, плажа”, која како и сите песни од фестивалот прерасна во голем детски хит. За ова маестрално музички дело се погрижи Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески Балада, кој ги направи музиката и текстот за оваа песна, а одличен аранжман оваа песна си доби благодарение на Рубин Димкоски.

Инаку Миа Митрикеска, годинава на 10 Јуни, успешно ќе го заврши првото одделение во ООУ “Кире Гаврилоски”-Јане. Колку за потсетување, Миа е доста активна на музички план, знае да пее, да игра, одлично говори англиски јазик и што ли уште не… Оваа млада прилепчанка која повторно и наредната година ќе пее на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, ќе настапи со една интересна-впечатлива песна која специјално за неа моментално ја работи Гоце Балада. Меѓутоа, она што ќе биде ново кај Миа на наредното фестивалско издание, најновата песна ќе ја отпее во дует со талентираната прилепчанка Дарија Петреска.

После спектакуларното четврто годинешно фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, организаторите на фестивалот распишаа нови Аудиции за наредното спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи наредната 2023 година, а пријавувањата се на телефонскиот број 078/66-77-97. Заради големиот интерес за учество на наредното фестивалско издание на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се оджи во месец мај, наредната 2023 година, Веселото Ѕвонче Ве кани доколку имате од 4 до 15 години, преку Вашите родители да се пријавите на телефонскиот број на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”: 078/66-77-97. Бројот на места како и секоја година е ограничен, па затоа само најбрзите кои што ќе се пријаваат ќе ја имаат среќата да бидат учесници на фестивалот и да испеат новокомпонирана песна на наредното јубилејно фестивалско издание на најактуелен детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.  Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!




Сподели го ова:

Слични објави