ПОГЛЕДНЕТЕ: Гордо и достоинствено ООУ “Климент Охридски” – Прилеп го одбележа својот патрон празник
Денеска по повод 8-ми Декември патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, во ова прилепско училиште се одржа богата програма, каде учениците заедно со директорот Ахил Јаков, наставниците и голем број на гости, пред присутните – гордо и достоинствено го одбележаа својот патрон празник.
На свеченоста, по повод одбележувањето на патрониот празник на училиштето, присутни беа претставници од Општина Прилеп, директори на повеќе училишта од Општина Прилеп, како и голем број на гости, ученици и родители.















