На денешен ден пред 75 години, за прв пат се кренала завесата на прилепскиот театар
На денешен ден- 17 февруари во далечната 1950 година, точно пред 75 години, за прв пат се кренала завесата на прилепскиот театар. Оваа недела прилепскиот театар прославува 75 години успешно постоење, а прославата започна денеска со изведбата на претставата „Роња – ќерката на ограбувачот“ од Театарот за деца и младинци – Скопје.

Учениците кои ја наполнија салата, уживаа во волшебната приказна за пријателството!
75 години театар „Војдан Чернодрински“.
















