Вриеше од народ! Синоќа, “Октетот – Прилеп” приреди концерт за паметење
Октетот Прилеп синоќа, 15.11.2024, одржа извонреден концерт, одбележувајќи 30 години творештво. Публиката, која ја преполни салата од Центарот, уживаше во нивните изведби на староградските песни, но и преработки на убави забавни хитови.
Синоќа, прилепската публика пееше заедно со нив, и ги награди со аплаузи.
Свое учество на концертот зедоа и Сашо Башески, Белинда Ристеска, Викторија Георгиеска, “таткото и синот Тумбески”, како и дел учениците од ООУ Кочо Рацин од Прилеп, кои ја збогатија убавината на овој концерт.