Членови на ,,Ротари” клубот од Прилеп денеска ја посетија Општина Прилеп

Членови на ,,Ротари” клубот од Прилеп денеска ја посетија Општина Прилеп. По тој повод градоначалникот на Општина Прилеп-Борче Јовчески истакна:
“На посета во Општина Прилеп денес ни беа членови на ,,Ротари” клубот од Прилеп како и учесниците и сите вклучени во хуманитарниот уметнички хепенинг што се одржува традиционално по повод празникот ,,3-ти Ноември”. Чест ми беше да им доделам благодарници за учество на сите учесници, а воедно пред присутните посочив дека поддршката и во иднина нема да изостане”-истакна градоначалникот Јовчески.