СИ ГИ БАРААТ ЗАОСТАНАТИТЕ НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ: Вработените од „Прилепско поле“, денеска излегоа на протест

Сподели го ова:





























Нашите прилепски сограѓани – вработени во подружницата на АД Водостопанство,  „Прилепско поле“, не можејќи да ја издржат лошата финансиска состојба во која што се наоѓаат во однос на тоа што неколку месеци немаат земено плата, денеска излегоа на протест.

На вработените во прилепско поле не им се исплатени цели 3 плати, а како што истакнуваат дел од вработените и покрај се, тие ја завршиле  сезоната за наводнување, се со цел за да не ги стават прилепските земјоделци во исклучителна тешка ситуација. Од Владата добиле ветување дека ќе има исплата на 2 плати за сите 14 подружници, меѓутоа дали тоа ќе се оствари – останува да видиме.




Сподели го ова:

Слични објави