Претседателот на Совет – Дејан Проданоски, со искрена честитка до понежниот пол

Сподели го ова:


























По повод денешниот празник –  Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, упати искрена честитка до припадничките на понежниот пол во која се вели:

Меѓународниот ден на жената, на 8-ми Март, е само потсетување за достигнувањата на жените низ вековите и важноста од почитување на родова еднаквост.

Ова е простор за жената да ја потврди својата индивидуалност и да се мотивира да го подигне својот целосен потенцијал без никакви осуди. Ден за поттик на младите дами, да видат различни примери во општеството за тоа како жените се вклучени во опшетвено–политчките и бизнис сфери и се активен дел од големите успешни потфати и промени.

Дозволете ми, на Меѓународниот ден на жената , на 8-ми Март да го изразам моето највисоко почитување, кон сите припаднички на понежниот пол.

Посакувам секогаш да бидете среќни во личниот живот, да бидете исполнети и храбри, и да го издржите секој животен предизвик онака како што тоа го правевте и досега.

Нека секој ден ви биде како денешниов, исполнет со многу љубов и внимание.

Честит 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол! – истакна Проданоски во неговата честитка, по повод денешниот празник –  Меѓународниот ден на жената 8-ми Март.




Сподели го ова:

Слични објави