Претседателот на Регионалната стопанска комора од Прилеп – Ирена Јакимовска, се закити со уште една награда
Наградите на Регионалните комора од Битола и од Прилеп им беа врачени на претседателите Ирена Јакимовска, сопственик/управител на „Комфи ангел“ и на Мирко Велковски, сопственик на „Хемометал“ и ВЕМИЛК- Битола. Наградите се резултат на нивниот несебичен ангажман во последните 10 години. Двете комори покриваат околу 8. 000 активни компании, со вкупен придонес на БДП во текот на претходните години од 12%.
Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Регионалните комори од Битола и од Прилеп и проф.др. Кочо Анѓушев, стопанственик и сопственик на групацијата „Фероинвест“ и „Брако“ се доботници на дел од наградите што Стопанската комора ги додели по повод 101-годишнината од нејзиното создавање.
Наградите што беа доделени се во две категории: првата-приоритети на Комората за придонес во развојот на извозот, но и за образованието на кадар за потребите на бизнисот.