Детска трка „По стапките на Крали Марко“
Во рамките на манифестацијата Денови на Крали Марко, дел од годишната програма за култура на Општина Прилеп, денес, 17.05. во 10:00 часот се одржа трка за деца насловена „По стапките на Крали Марко“. Трката беше со должина од околу 1 километар и на истата зедоа учество сите основни училишта од општина Прилеп, организирани од страна на Сојузот на училишен спорт на Општина Прилеп (СУС) со ученици од осмо и деветто одделение.
За сите учесници општината обезбеди по една маичка со логото од настанот и мало освежување. За најдобрите три места во машка и женска конкуренција беа доделени и дипломи од страна на градоначалникот Борче Јовчески.
Трката беше обезбедувана и трасирана од АОК Златоврв, а стартот и целта беа на мултимедијалното плато во населбата Варош, автентична локација во подножјето на Марковите Кули, симболот на град Прилеп.
Најдобрите во оваа дисциплина денес беа следните ученици:
Машки:
- Габриел Талески ООУ „Блаже Конески“
- Дитмир Жејани ООУ „Кирил и Методиј“ с.Канатларци
- Стефан Наскоски ООУ „Добре Јованоски“
Женски:
- Анастасија Бошкоска ООУ „Кочо Рацин“
- Ива Стојановска ООУ „Гоце Делчев“
- Илиоска Елеонора ООУ „Добре Јованоски“