Нека е аирлија! Во подрачното училиште на ООУ „Климент Охридски“ во с. Мажучиште, поставена е нова дограма, нови подови, а исто така има и нова спортска сала

Сподели го ова:


























Во подрачното училиште на ООУ „Климент Охридски“ во с. Мажучиште се направени голем број на значајни подобрувања: нови подови, нова дограма и нова спортска сала. Со овие инвестиции обезбедени се поквалитетни услови за учење и развој на нашите ученици.

Децата се нашата иднина, и секој вложен денар во нивното образование е инвестиција во подобро утре. Заедно со директорот на училиштето го посетивме ова подрачно училиште и учениците кои се инспирација за нашата посветеност и работа. Локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува сите основни и средни училишта во општината. Заедно ќе изградиме силна и успешна млада генерација која ќе биде пример и гордост за Прилеп – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави