Мицкоски бара маркетите на јавна веб страница да ги објавуваат цените на своите производи
Премиерот Мицкоски истакна дека сите ланци на супер маркети ќе треба да имаат јавна веб страна, на која што ќе ги објават сите цени на сите производи, се со цел за да можат граѓаните сами да одлучуваат при процесот и изборот на купување на производи.
–Не би сакал да шпекулирам- еве една од мерките која што сакам да ја кажам, и ќе ја предложам на Влада сите ланци на овие супер маркети, хипер маркети да имат јавна веб страна, транспарентна, на која што ќе ги објават сите цени на сите производи кои што ги имаат во своите маркети, да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и оние самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме тие трендови и да направиме некаков хистограм на движење на тие цени – одговори Мицкоски на новинарско прашање.















