ВМРО ДПМНЕ: “Промените што носат иднина се започнати, и тоа е најголемиот страв на СДСМ”

Сподели го ова:
























Промените што носат иднина се започнати, и тоа е најголемиот страв на СДСМ-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог, Ви го пренесуваме соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое е упатено до јавноста, како реакција на соопштението на СДСМ:

“Граѓаните на Македонија ги живеат најлошите години откако СДСМ е на власт.

СДСМ откако дојде на власт остава пустош зад себе, со својата неспособност го урна здравствениот систем, во обид е да го партизира образованиот систем, а создаде економска и енергетска криза.

Освен со хаос и криминал СДСМ нема со што друго да се пофали.

Празните соопштенијата на СДСМ се доказ дека ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со работа реализираа многу капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се започнати или се во фаза на реализација повеќе од 1090 проекти. Од нив над 160 капитални проекти, а започнати се со проектирање, реконструирање или градба и 33 градинки и 68 училишта.

За само 100 дена, 206 улици и патишта се изградени или реконструирани, а над 110 водоводни и канализациони мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги менуваат општините, промени кои ги чувствуваат сите граѓани.

За 100 дена ниту еден отчет од страна на градоначалниците СДСМ и ДУИ. Градоначалниците на СДСМ и ДУИ имаат нула реализирано проекти.

Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и носат промени, граѓаните се сведоци на неработата на градоначалниците на СДСМ и ДУИ”-се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави