Од полноќ-нови цени на горивата

Сподели го ова:


Во текот на денешниот ден Регулаторната комисија за енергетика, ќе одлучува за цените на горивата кои што ќе важат после полноќ. Колку за потсетување, минатата недела РКЕ одлучи цените на бензините да се намалат за еден денар, а дизелот да поевтини за два денари. Какви ќе бидат новите цени на горивата- останува да видиме. Моментално, цената на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 80,00 (денари/литар), на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 изнесува 82,00 (денари/литар), а цената на дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) изнесува 80,00 (денари/литар). Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) се продава за 78,50 (денари/литар), додека пак мазутот М-1 НС, се продава по цена од 51,335 (денари/килограм).





Сподели го ова:

Слични објави