Убава вест од ГАК: Малиот борец кој се роди со 940 грама, после 77 дена пристигна во неговиот дом во добра општа состојба

Сподели го ова:


























“Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство.

По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.

Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2110 грама.

На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа.

На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон” – информираат од ГАК.




Сподели го ова:

Слични објави