Советот на Општина Новаци го донесе Буџетот за 2026 година! За секој ученик по 6000 денари, субвенции за клима уреди, субвенции за возачки…

Сподели го ова:































Советот на Општина Новаци го донесе Буџетот за 2026 година со вкупен износ од 230.980.080 денари или 3 725 485 евра, кој претставува реална и развојна рамка насочена кон подобрување на квалитетот на живот на сите наши сограѓани. Со овај развоен буџет се планираат значајни вложувања во економскиот развој, инфраструктурата, заштитата на животната средина, младите, спортот, како и во сите сфери на општествено, економското и социјално живеење во Општина Новаци.

Покрај големите капитални проекти кои се планирани за следната година како директна помош во вид на разни видови субвенции насочени кон нашите жители го акцентираме следното:

– За прв пат на секој ученик во основно образование ќе му доделиме ваучер од 6.000 денари со почетокот на новата учебна година, што особено нè радува и претставува инвестиција во иднината

– Повторно ќе објавиме јавен повик за младите лица до 26 години за добивање на возачка дозвола – Б категорија

– Субвенции за набавка на климатизери

Продолжуваме со одговорно и посветено работење, во интерес на граѓаните и континуиран развој на Општина Новаци. Овој буџет е доказ за нашата определба да инвестираме во луѓето, во инфраструктурата и во иднината на Општина Новаци. Ќе продолжиме одговорно, транспарентно и посветено да работиме во интерес на сите жители. Заедно градиме посилна и поразвиена Општина Новаци – порача градоначалникот Стевче Стеваноски.




Сподели го ова:

Слични објави