ПРОДАНОСКИ: Поддршка за Јане Ченто! Слобода за уставобранителите!
По настаните во Собранието на 27-ми април, откако беше притворен и затворен, Јане Ченто вчера за прв пат излезе на слобода – меѓутоа само на слободен викенд. Јане, викендот го искористи за да помине мигови со неговото семејство, како и да оствари средби со своите поддржувачи и истомисленици.

Една од тие средби е и неговата денешна средба со претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, кои што како и секогаш, така и денес, му ја дадоа нивната поддршка со надеж за негово што побрзо ослободување.
Веднаш после средбата, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски на социјалните мрежи објави и слики од самата средба, при што истакна:
Поддршка за Јане Ченто! Слобода за уставобранителите! – истакна Проданоски на социјалните мрежи.
