Трет меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре

Сподели го ова:

Трет меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре во Прилеп. Честитки до организаторите, клубот Младост 96-Прилеп и сите останати што се вклучени во организацијата.

Ми претставува задоволство што како Општина, ја продолжуваме иницијативата овој турнир да стане традиционален, и ќе продолжиме секоја година достојно да се потсетуваме на господинот Илија Карески.Верувам дека ќе се надоградуваме заедно и со учесници и со гости, во интерес на значењето на спортот и сите спортски активности за Прилеп и прилепчани. Заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп, им посакавме топло добредојде на сите гости, како домаќини за нас е чест што имаме учесници и гости од Република Македонија, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија и Црна Гора и се надевам дека ќе се прикажиме во одлично светло, за во иднина да продолжи соработката со сите учесници и за идни вакви настани од меѓународен карактер. На сите ви посакувам успешен турнир, и нека победат најдобрите – истакна Јовчески.





+ 25

Сите реакции:



Сподели го ова:

Слични објави