Повеќе од 800 деца беа дел од четвртото успешно издание на „Мини Трчај бе“

Сподели го ова:





























Повеќе од 800 деца од Битола и од повеќе градови низ Македонија беа дел од четвртото издание на „Мини Трчај бе“. Насмеани, мотивирани, полни со енергија и подготвени да го дадат најдоброто од себе.

“Ако сакаш да видиш како изгледа иднината на еден град, гледај во децата што денес трчаа по битолското шеталиште. Гледајќи ги како трчаат, сфаќаме дека спортот не е само резултат, медал или победа. Спортот е навика, карактер, дружење и лекција која останува за цел живот.

Горд сум што Битола е домаќин на ваков настан кој од година во година расте и станува препознатлив низ целата држава.

Честитки до организаторите, волонтерите, родителите, наставниците и сите кои вложија труд за денешниот ден да изгледа вака.

А најголемите честитки одат до децата.

Тие се хероите на Битола” – порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави