РЕЗИЛ: Прилепчанец фатен како краде во продажен објект во Прилеп
Во текот на вчерашниот ден, во продажен објект на ул. Димо Нареденикот во Прилеп, 40 годишниот прилепчанец Џ.П бил затекнат како краде.
Крадецот успеал да земе повеќе предмети, а истиот подоцна бил притворен од страна на полициски службеници од ОВР-Прилеп.
Одземените предмети биле пронајдени кај лицето и вратени на сопственикот, а 40 годишниот прилепчанец бил задржан во полициската станица.
Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, веднаш после целосното документирање на случајот.