ЕВЕ ВАКА СЕ РАБОТИ: Во ООУ Климент Охридски–Прилеп пуштена е во употреба специјална сензорна соба

Сподели го ова:


























Сензорната соба претставува една недирективна терапија која што пред се, делува на основните сетила за слух, допир, вид и мирис, преку едно конторлирано и хармонично изложување, и истата користи светлосни ефекти, бои, звуци, музика и мириси. Благодарение на успешната коррдинирана соработка која што постои помеѓу прилепскиот градоначалник Јовчески, Локалната самоуправа и Директорот на ООУ ”Климент Охридски” Прилеп во употреба веќе е пуштена сензорната соба во ООУ ”Климент Охридски” Прилеп, која што воедно е доопремена и целосно збогатена со нови примамливи содржини, кои што во буквална смисла се ставени на располагање на сите ученици од општинските основни училишта од Прилеп, како и на корисниците на Центарот на поддршка на учењето. На ваков начин оваа сензорна соба претставува контролирана мулти сензорна стимулација, со цел да се докаже дека околината влијае на однесувањето.

Предноста на оваа соба е дека овдека не е потребна вербална комуникација, и истата таа може да се користи и кај лица кои неможат да зборуваат. Овозможува стимулација на оние кои не реагираат на околината, кои не зборуваат и до кои неможеме да допреме. Секоја чест за успешната коррдинирана соработка која што постои помеѓу прилепскиот градоначалник Јовчески, Локалната самоуправа и Директорот на ООУ ”Климент Охридски” Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави