После повеќе од 40 години кракот на улицата ,,Цане Илиески” доби асфалт
После повеќе од 40 години кракот на улицата ,,Цане Илиески” доби асфалт и жителите на оваа населба сега можат слободно и непречено да се движат до своите домови. Ова пробивање на нова улица, вклучува и комплетна подземна инфраструктура.
Сите наши сограѓани заслужуваат подобри услови и инфраструктура која што ќе обезбеди подобар и безбеден проток на сообрајќајот, како и пристап до секоја куќа во секоја населба во нашиот град – истакнаа од Општина Прилеп.