| |

Над 200 трговци и угостители ќе бидат дел од „Prilep OUTLET Weekend“

Сподели го ова:


























 Како што објавивме пред некој ден, во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, на 25ти и 26ти август, Прилеп се подготвува за летeн by Night  „Prilep OUTLET Weekend“.

Во него веќе се вклучија над 200 трговци и угостители кои на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак од настанот, за купувачите да знаат каде да пазарат и како да бидат услужени. Настанот предизвикува голем интерес, особено кај купувачите  од регионот: Битола, Крушево, Долнени  Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, бидејќи Прилеп и овој пат два дена, на „Prilep OUTLET Weekend“ ќе понуди шопинг забава и евтино купување на брендови. 

 Прилепските трговци велат дека попусти ќе има до 50% на секој чош, но прилепската чаршија ќе понуди и нови шопинг изненадувања By Night,  бидејќи продавниците ќе работат до 22 часот, двата дена за време на настанот.

Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм. 

На „Prilep OUTLET Weekend“, производи ќе има за сите муштерии,  а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од Регионот и Македонија, од 08:00 до 22:00 часот. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите  купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени. „Prilep OUTLET Weekend“ покрај попустите во трговските дуќани ќе понуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и  кафулињата, кое ќе претставува посебно уживање за сите оние кои на 25ти и 26ти ќе дојдат на шопинг во Прилеп.

„Prilep OUTLET Weekend“ се организира по втор пат, а прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.  

За сите случувања од настанот  љубителите на шопингот и посетителите на „Prilep OUTLET Weekend“ можат да ја следат фејсбук фан страната   https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137




Сподели го ова:

Слични објави