Поради дефект при ископ на кабел за ЕВН, водоснабдувањето на ул. Димитрија Чуповски е во прекин – екипите на прилепски Водовод непрекинато работат на санација на проблемот

Сподели го ова:























Поради дефект при ископ на кабел за ЕВН, водоснабдувањето на ул. Димитрија Чуповски е во прекин – екипите на прилепски Водовод непрекинато работат на санација на проблемот. Во однос на појавениот дефект, навремено известување до граѓаните упати и ЈКП Водовод и Канализација-Прилеп, во кое се вели:

Почитувани сограѓани, на ул. Димитрија Чуповски водоснабдувањето е во прекин поради дефект при ископ на кабел за ЕВН. Екипите на ЈКП “Водовод и канализација”Прилеп од 16ч. се на терен, но поради големината на дефектот жителите на оваа улица ги замолуваме на трпение се до санација на истиот. Највероватно прекинот на водоводната линија ќе биде до утринските часови” – се вели во навременото известување од ЈКП Водовод и канализација -Прилеп кое упатено до граѓаните на општина Прилеп.

Со почит,



Сподели го ова:

Слични објави