Прилепските гимназијалци со одличен резултат на регионалниот натпревар по математика
На 04 март 2023година нашата Гимназија беше домаќин на 46-иот Регионален натпревар по математика.
На овој натпревар нашите прилепски ученици освоија награди и обезбедија пласман за државниот натпревар.
Под менторство на проф. Евгенија Нешкоска наградени се:
- Михаил Живковиќ од прва година со прва награда и
- Георги Николовски од прва година со трета награда.
Под менторство на проф. Антонија. Г. Петкоска од втора година наградени се:
- Филип Темелкоски со трета награда и
- Марија Бардакоска со пофалница.
Од трета година награден е Иван Јованоски со трета награда под менторство на проф. Афродита Стефаноска.
На учениците и менторите им посакуваме успех и на државниот натпревар по математика.
Претходно, на општинскиот натпревар, учениците од оваа Гимназија освоија: Прва награда за Филип Темелкоски и Михаел Живковиќ, втора награда за Гаврил Василески, трета награда за Иван Јованоски, Марија Бардакоска, Ивана Атанасоска, Георги Николовски и пофалница за Матеј Звездакоски.
Честитки за учениците и нивните ментори.