Побарувачката поголема од понудата на тутун! Тутунарите “ќе тријат раце”
Тутуно – производителите во земјава се подготвени за откупот на тутунот од годинешната реколта. Повеќе од 10.000 семејства во државава, очекуваат квалитетн почеток на откупот, бидејќи врз основа на изјавите од тутуно-производителите, оваа година имаат добар квалитет при што очекуваат и повисоки цени од ланските.
Врз основа на ова, Министерот Трипуноски ќе оствари средба со претставници од тутунските здруженија, средба која однапред мириса на една успешна соработка меѓу министерството и тутуно-производителите.
















