Одобрени се финансиски средства за нов кружен кај Табана, реконструкција на постоечки водоводни линии, како и изградба на дел од улица „Победа“

Сподели го ова:






























Во текот на вчерашниот ден се потпишаа договорите помеѓу министерствата и општините, со кои Владата доделува 250 милиони евра на општините за капитални инвестиции.

👌Благодарение на визијата за напредок на премиерот Христијан Мицкоски и неговата посветеност кон развојот на локалните самоуправи, оваа значајна поддршка ќе овозможи реализација на нови проекти во општина Прилеп – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

👉Во следниот период, според распределбата на средствата за сите општини, за Прилеп овие проекти ќе станат реалност:

✅ Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“).

✅ Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“.

✅ Реконструкција на постоечки водоводни линии во градската четврт Карабдалица, во централното градско подрачје.

☝️Овие проекти се значаен чекор напред за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на нашите сограѓани.

❤️ Продолжуваме заедно и посветено да ја градиме иднината на Прилеп! -истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави