Денот по утрото се познава! Сончевите утрински зраци најавуваат уште еден прекрасен есенски ден
Во есен, природата ни ги дава најтоплите и најубавите бои кои се надополнети со посебна живописна атмосфера. Ако тргнеме од онаа старата поговорка, дека “денот по утрото се познава”, тогаш повеќе од очигледно е дека денешните сончевите утрински зраци – најавуваат уште еден прекрасен есенски ден.

Сето ова го потврдуваат и информациите од УХМР, врз основа на кои времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температури до 27 степени, додека температурата во Прилеп и прилепско ќе достигне до 23 степени.















